April 20, 2024, 12:56 am

ПРИТИСОЦИ ВРЗ СЛОБОДНИТЕ МЕДИУМИ ВО САД: Одмазда на CNN кон конзервативните медиуми во Америка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цензурата на медиумите не е нешто ново во Западниот свет, а никаде не е по истакната од онаа во Америка каде неколку големи корпорации го контролираат медиумскиот простор . Токму една таква корпорација, CNN ги избрка компаниите кои се рекламираа на YouTube каналот на контроверзниот, конзервативен Алекс Џонс.

Македонската јавност можеби не е свесна дека постои огромна заработувачка од каналите на YouTube и многу веројатно тоа е идниот правец во кој ќе се движат интернет телевизиите. Според тврдењата на CNN големи компании како Nike, Acer, Mozilla, Alibaba, 20th Century Fox и други откриле дека нивни реклами се емитувале на каналот на Алекс Џонс, InfoWars. Сега голем дел од нив ги блокираат своите реклами да не се емитуваат на каналот InfoWars според CNN.

Честопати компаниите купуваат рекламирање на големо од различни компании, тие не се свесни на кои канали на YouTube ќе се емитува нивната реклама. Сепак постои можност преку одредени филтри некои накали да се блокираат и нивните реклами да не се емитуваат на тој канал. По кампањата на CNN против каналот на Алекс Џонс голем број на компании се откажале од емитување на свои реклами на неговиот канал.

Целта на CNN покрај намлување на рентабилноста на конзервативните гледишта е и целосно блокирање на каналот InfoWars. Од InfoWars велат дека целта на кампањата е целосно блокирање на YouTube каналот засекогаш, а крајната цел е цензура и монопол на медиумскиот простор.

Медиумите во САД кои конзервативците ги нарекуваат фосилни медиуми како CNN, MSNBC Па дури и Fox News не се снаоѓаат најдобро во ерата на интернетот, а нивната гледаност во континуитет опаѓа. За разлика гледаноста на каналите на YouTube и други интернет медиуми во континуитет расте. За пораст на гледаноста на медиумите фосили не помага ни фактот што многу често тие се користат со лажни вести со цел протуркување на некоја политичка агенда.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This