April 23, 2024, 12:02 pm

ПРИТИСОЦИ ВРЗ ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: Вработените добиваат „покани“ да присуствуваат на утрешната „веселба“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Огромни притисоци се случуваат во јавната администрација со цел собирање на што поголема бројка на утрешната ,,веселба’’ односно опела за Македонија. Скандалите околу утрешниот настан не запираат, а откако на листата на изведувачи се најдоа голем број на ,,патриоти’’ сега во јавноста протече и скриншот од вирален мејл кој се испраќа на мејловите на вработените во јавната администрација.

-Почитувани колеги, Во прилог ја доставуваме поканата од Владата на Република Македонија за присуство на прославата ,,Одиме напред- Македонија во НАТО и ЕУ!’’, која ќе биде одржана во Градски Парк – Скопје на 14 јули 2018 (сабота) со почеток во 21:00 часот. Сите сме поканети на прославата. Со почит, Протокол- Министерството за надворешни работи на Република Македонија, се вели во гореспоменатиот мејл.

Доколку вработените во јавната администрација имаат волкав притисок во овој момент можете да замислите што ќе се случува во предвечерието на референдумот за промена на името.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This