ПРИТИСОЦИ И ЗАКАНИ ВО КАВАДАРЦИ, НЕГОТИНО И ДЕМИР КАПИЈА: Активисти на СДС оделе по куќи и се заканувале на активисти на ВМРО-ДПМНЕ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голем број на граѓани од Кавадарци, Неготино и Демир Капија со поплаки дека деновите пред изборите во неделата биле искористени од страна на функционери на СДСМ за вршење на нечовечки притисок и влијание за користење на избирачкото право, јавуваат медиумите.

Според информациите во четвртокот, петокот и саботата пред гласањето,  познати активисти на СДСМ во касните ноќни часови после 22:30 часот оделе по куќите на познати активисти на ВМРО-ДПМНЕ и вршеле притисок со закани и брутални уцени за да се загрози гласачкот право на граѓаните.
-Ве знаеме дека сте од ВМРО. Или не изглегувајте на гласање или ќе летате од работа, била пораката од функционерите на СДСМ, велат граѓаните.

Некои од лицата кои се јавија во нашата редакција сведочат дека заканите биле дрски, нечовечки и се граничеле со дивеење.

-Ми влегоа дома околу 23 часот. Ако гласаш женати ќе биде избркана од работно место. Не се обидувај да пријавуваш во полиција бидејќи не ти помага никој, само проблеми ќе имаш, вели граѓанин од Неготино.

Во Демир Капија заканите биле кон земјоделците.

-Ако сакаш субвенции догодина тогаш поседи си во недела дома, му било порачано на граѓанин земјоделец од градот на југот, сведочат граѓаните.

Ова покажува дека некои лица од власта вршеле груб терор врз граѓаните и дека според нивните тврдења, постоела и вмешаност на полициски структури во овој заговор против слободната изборна волја.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This