ПРИФАТИ СРЕДБА СО ПЕНДАРОВСКИ, НО НЕ И СО ЗАЕВ: Зошто Макрон одби да се сретне со „тokcичниот“ Заев?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Францускиот претседател цели 5 месеци одбива да се сретне со премиерот Зоран Заев, а веднаш прифатил да се сретне со претседателот Стево Пендаровски уште наредниот вторник. „Лидер“ анализира: Зошто Макрон одбива да се сретне со „токсичниот“ Заев?

Самиот премиер, минатиот месец потврди дека цели 4 месеци чека да се сретне со Макрон, но тој ги одбивал неговите барања.

Четири месеци преку францускиот амбасадор Тимоние и македонскиот амбасадор во Франција и преку други дипломатски канали барам средба со францускиот председател Макрон, но засега не сум добил одговор. Сакам да остварам средба со Макрон, тој е наш голем пријател, изјави премиерот Зоран Заев на 19-ти минатиот месец.

Според хрватскиот новинар Иван Бродиќ, кој одблиску ги следи случувањата во Европската унија, логична е причината поради која Макрон претпочита да се сретне со Пендаровски наместо со Заев – претседателот, за разлика од премиерот, жестоко реагираше на случајот „Рекет“.

Сетете се, Пендаровски многу остро реагираше на можноста за корупција во врвот на власта во случајот „Рекет“. Бараше сите одговорни да бидат казнети. Можеби во тој дел се крие одговорот на вашето прашање, вели новинарот и аналитичар Иван Бродиќ во изјава за „Лидер“.

Аналитичарот додава дека кога Словенија ја блокираше Хрватска за влез во НАТО, тогаш американската дипломатија и се закани на Словенија со одбивање на репрограм на кредитите и така блокадата падна. Според Бродиќ, оваа анегдота покажува дека НАТО е геостратешки сојуз. За разлика од НАТО, Европската Унија е вредносна творба.

Целосно е незамисливо во ЕУ да влезат земји во кои самиот врв на власта е многу блиску до најголемите корупциски афери и во кои политичките противници се осудуваат на повисоки затворски казни од повратниците од Исламската држава, анализира Бродиќ.

Според него, многу е трагично тоа што во нашата земја се случува во последните три години.

Последната гарнитура (н.з. се мисли на СДСМ и Зоран Заев) ги девалвираше европските стандарди во земјата која, за потсетување, прва на Балканот беше подготвена за влез во евроатланскате интеграции, вели Бродиќ.

Со сличен став како и Хрватот е и долгогодишниот политички чинител Никола Србов, кој потсетува дека францускиот амбасадор Тимоние во многу наврати, на многу директен начин, алармираше за тоа што се случува во Македонија.

Одбивањето на францускиот претседател Макрон да се сретне со Зоран Заев е резултат на криминално-коруптивните афери кои во јавноста излегоа токму во тој временски период, а за коипостојат индиции дека во нив е директно вмешан државниот врв. Ние мора да сфатиме дека претседател на една од водечките држави во светот, во случајот францускиот претседател, е прилично добро информиран за случувањата, посебно за вакви големи афери. Од друга страна, претседателот Пендаровски беше настрана од тие збиднувања до степен да одржи прилично жестока пре-конференција на темата веднаш по излегувањето на аферата, вели Никола Србов во изјава за „Лидер“.

Како дополнителна причина зошто Макрон одби да се сретне со Заев, Србов го посочува фактот дека македонската влада не презема апсолутно ништо во контекст на тие укажувања за дефицит на европски вредности.

Не би требало да не зачудува ваквиот развој на настаните туку напротив, тој излезе како логичен след колку нам и да не ни се допаѓа тоа. Виновникот не можеме да го бараме надвор од нашите граници на што инсистира власта, бидејќи ни беше укажано, проблемот е во тоа што не се спроведе ништо од она што ѝ беше укажано на власта, додава Србов.

Од друга страна, аналитичарот Стефан Василевски од политичкиот центар „Конзерватив МК“ тврди дека Пендаровски вешто манипулира дека добил „средба со Макрон“, ако се има предвид дека таа ќе се случи на маргините на „Париски мировен форум“.

Парискиот мировен форум е со цел зајакнување на глобалните политики со акцент на мултилатерализмот. Како домаќин, Макрон ќе ги прими сите гости вклучително шефови на околу 30 држави. Пендаровски вешто го манипулира овој момент за тоа да го продаде како разговор за нашите евроинтеграции. На Заев пак, не му е јасно дека сериозните политичари не менуваат став како чорапи па оттука и мене не ми е јасно зошто воопшто барал средба. Едноставно, тој имаше домашна задача за датумот која не ја сработи, вели Василевски во изјава за „Лидер“.

На крајот, независно дали Пендаровски средбата ја добил на маргините на мировниот форум или бил почесетен од неговиот француски колега, останува фактот дека премиерот Зоран Заев практично е бојкотиран од лидерот на една од најмоќните земји во ЕУ.

Откако Македонија извиси за датум за преговори, беше најавено дека Макрон ќе дојде во посета на земјава, но, францускиот амбасор Кристијан Тимоние практично ги закопа надежите на Заев дека ќе се види со Макрон изјавувајќи дека доколку неговиот претседател дојде во земјава тоа може да значи мешање во предизборниот процес.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This