April 19, 2024, 12:36 am

Приштина прогласи двајца руски дипломати за пeрсона нон грата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Приштина прогласи за персона нон грата двајца службеници од косовското претставништво на Амбасадата на Руската Федерација во Србија.
Претседателката на привремените институции во Приштина, Вјоса Османи, вели дека двајца функционери на косовското претставништво на Амбасадата на Руската Федерација во Србија се прогласени за персона нон грата бидејќи, како што наведе, со нивните штетни активности ја нарушиле националната безбедност и уставниот поредок на Република Косово.
Османи на Фејсбук напиша дека тоа е нејзино барање до министерката за надворешни работи, Доника Гервали, која, како што вели, денеска донела одлука да прогласи двајца функционери за непожелни лица.
Таа додаде дека во исто време, косовското Министерство за надворешни работи ги извести институциите за спроведување на законот и надлежните органи за спроведувањето на таа одлука.

„Институциите на Република Косово се решени да се борат против малигното влијание на Руската Федерација и нивните сателити во регионот, кои работат на уништување на нашите достигнувања и достигнувањата на САД, НАТО и ЕУ. Од таа причина, ние ќе продолжиме тесно да соработуваме со нашите американски и европски сојузници за да спречиме Косово и нашиот регион да станат жртви на дестабилизирачките амбиции на Руската Федерација. Ги уверувам граѓаните дека институциите на Република Косово нема да се двоумат да дејствуваат секогаш кога ќе има нарушување на безбедноста и уставниот поредок во државата“, напиша Османи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This