April 25, 2024, 10:05 pm

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА НА БАРИКАДИ!: #Бојкотирам ве повикува да се пријавите за присуство на барикади низ цела држава – еве како!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Пријавете се за барикадисти!“ – гласи повикот кој се шири на социјалните мрежи од вечерва, откако од движењето #Бојкотирам повикаа на масовна блокада на улиците низ главниот град но и низ целата држава

 

Ако сакате да се пријавите, постои и место каде што можете да го направите тоа. Според повикот, се прави попис на активисти кои би биле подготвени да излезат и да ги блокираат крстосниците и улиците каде што живеат.

„Бојкотирачи, одиме на следно ниво, за кратко ќе поставиме креативни барикади на различни локации.

Многумина од Вас го побараа тоа и сакаат да помогнат, поставена е форма за пријавување и на истата внесете ги податоците потоа ќе Ве контактираме за координација.

Французите ни покажаа што се може обичниот чесен човек и тоа само за поскапени горива.

Бугарите го дигнаа нивниот глас и се спротивставија на социјалните неправди.

Македонците се борат за опстанок, одиме до крај!

#Бојкотирам уставни промени со фингирано 2/3 мнозинство.

#Апсаана за апашите од картелот Северна.

#НароденБунт зошто имаме #ПравоНаСамоодбрана“ – пишува во повикот за „барикадисти“.

За да се пријавите следете го следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/15RWsjtIqB05CEKE4DwmD4jvsYWBkQX5xGfnspFU1Gp0/viewform?edit_requested=true&fbclid=IwAR39bNBcR8ifJtRYTMRt8RKmnjE-biJ4POFE59CgIsEusVn8Uuy6-cb9430

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This