ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА РАБОТА ВО МЕПСО:Директорот бара луѓе без работно искуство, плата до 45.000 денари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО), кој што е во целосна државна сопственост објави оглас за вработување на 9 лица. МЕПСО вработува инженери и советници, како и еден копирант во архива.

За работната позиција копирант во архива во служба за општи работи се бара лице со средна стручна подготовка и без претходно работно искуство, а нето платата изнесува 24.900 денари.

Без работно искуство во МЕПСО ќе може да се вработи и координатор на кабинетот на директор на Сектор за ИТТК, но со Висока стручна подготовка, за плата од 35.100 денари. Без искуство и со Висока стручна подготовка може да се вработи и еден самостоен инженер за анализа на мрежа во служба за оперативно планирање, кои ќе работи за плата од 38.500 денари

Доколку имате само две години работно искуство пријавете се за советник:

2 (два извршители на работното место советник во Кабинет на Генерален директор со Висока стручна подготовка ВСС VII/1 степен или по национална рамка за ВОК/ЕКТС VIA/240 ектц , за кое работно место нето платата изнесува 45.300. 00 денари,

Огласот е потпишан од генералниот директор Сашо Василевски и трае пет дена.

Ваквите огласи најчесто се однапред договорени и дизајнирани според соодветните квалификации на кандидати со препорака на СДСМ.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This