ПРИЈАТЕЛИТЕ НА ЗАЕВ БЕЛОСВЕТСКИ ИЗМАМНИЦИ: Со премиерот во Македонија, со лисици низ светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчеравечер Зоран Заев му бил специјален гостин на ифтарската вечера на шеикот Нахјан Бин Мубарак Ал Нахјан, министер за култура, млади и социјален развој на Обединетите Арапски Емирати. Премиерот објави дека шеикот најавил инвестиции во Македонија.

Во име на Владата искажав подготвеност за темелна соработка, потенцирајќи ги уште еднаш клучните вредности на нашата земја, како што се одличната географска положба, економската флексибилност за инвестиции, работливиот народ и мозаикот од култури и заедници кои живеат кај нас, истакна Заев.

Но, пријателите на кои Заев им го ветува „работливиот народ“, во моментот се под истрага за корупција, а по Јужна Африка имаше распишано потерница. Се работи за индиските браќа Гупта, кои се светски познати по скандалите со проневера на пари.

Како што во декември пишуваше „Њујорк тајмс“, сиромашните Аџај, Атул и Раџеш преку ноќ станале едни од најбогатите лица во Јужна Африка, а откако властите почнале да ги гонат, тие пребегнаа во Дубаи. Се работи за скандал тежок милијарди долари.

Иако во февруари годинава беше повлечен налогот за апсење на Аџај, главниот брат во Гупта скандалот, тие сè уште не се вратиле во Јоханесбург од каде пребегнале преку ноќ, кога полицијата првпат го обелоденила корупцискиот скандал во кој се вмешани тие и моќниците од јужноафриканската власт.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This