March 28, 2024, 10:09 pm

ПРИЈАТЕЛКА СО СИТЕ: Мајката на уапсените за производство на наркотици во викендица, била висок функционер на СДСМ и пријателка со Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Софистицираната лабараторија која ја пронајде полицијата во викендица во скопското село Морани, е сопственост на функционер на СДСМ, поточно на Лилјана Керамитџиева, а за производството на марихуаната се обвинети двајцата нејзини синови

 

-На 25 април, по претходно добиени оперативни сознанија дека пријавените, инаку евидентирани сторители на други кривични дела, се занимаваат со производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, од страна на Судија на претходна постапка издадена е Наредба за претрес во дом на пријавениот С.К. во скопската населба Аеродром. Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР-Скопје, извршен е претрес, при што е затекнат и второпријавениот, и притоа пронајдени и одземени се една паковка со марихуана, еден пластичен сад со засадени три садници од растение канабис, картонска кутија во која има девет палети за производство на садници, осум црни пластични шишиња – прскалки од 750 милилитри, три црни пластични шишиња од 300 милилитри, два рефлектори и други предмети, велат од МВР.

Поради постоење основи на сомнение дека дополнително ќе се пронајдат предмети и траги кои потекнуват од кривично дело, односно дека С.К. ги користел заедничките простории во подрумскиот дел, извршен е претрес и во овој дел, при што пронајдени се една торба во која имало пет поголеми пресувани пакувања со марихуана, најлонска ќеса со поголемо пресувано пакување со марихуана, и уште една најлонска ќеса со три пакувања со марихуана.

-Врз основа на Наредба од Основен суд Скопје 1, извршен е претрес и во викендичката на Л.К., во место викано Св.Петка во село Морани,а корисник е и нејзиниот син С.К. При претресот во викенд куќата пронајдени се 202 саксии со засадени растенија канабис со различна висина, 5 пластични туби со течност, како и инсталиран систем, односно лабораторија за одгледување на наркотична дрога – два дигитални апарати (мерачи), пумпа за прскање, прима клима, 20 електрични трафа за лампи, три тајмери, две ламби со лед диоди, ролна – фолија, метален вентилатор, алуминиумско растегливо црево и два пластични сада со капак, велат од МВР.

Според информациите до кои дојде Инфомакс, Керамитџиева е функционер во владеачката партија, каде ужива во друштвото на нејзините сопартијци, се актуелни високи државни функционери, министри, директори, советници и градоначалници.

Неретко на социјалните мрежи, Керамитџиева објавувала фотографии со претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски, кој пак е актуелен советник за НАТО интеграција.

Освен со Пендаровски, Лилјана била блиска и со актуелниот градоначалник на општина Аеродром, Златко Марин, а извори во партијата тврдат и дека се пријатели.

Керамитџиовска била активна и на митинзите и протестите организирани од страна на СДСМ, каде секогаш добивала место во првиот ред, согласно позицијата во партијата, што укажува на нејзиниот статус во владеачката партија.

Лилјана Керамитџиовска побарала од медиумите, поточно од телевизија „Сител“ да престанат да ја поврзуваат ситуацијата со нејзината политичка активност во СДСМ, истовремено одбивајќи да даде изјава за медиумот.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This