Пријателска пoддpшкa од Италија: Сpeдбa на пpeтceдaтeлoт Џафери co Н.Е. Карло Ромео

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, го прими во проштална посета амбасадорот на Италија во Република Македонија, Н.Е. Карло Ромео.

Претседателот Џафери ги потенцираше исклучителните билатерални односи меѓу Република Македонија и Италија и особено високо ја оцени силната, искрена и пријателска поддршка што Италија ја пружи на Република Македонија во добивањето датум за преговори со Европската унија. Од несомнено значење е и италијанската поддршка на земјата во Јадранско-Јонската иницијатива, а на планот на НАТО, и во пристапниот процес, и сега како сојузници, бележиме важна и конструктивна соработка, особено во СИБРИГ и Мисијата УНИФИЛ која е под италијанско водство. Претседателот го запозна амбасадорот со претстојните работни активности на Собранието, како што е разгледувањето на повеќе законски измени наметнати од пандемијата со Ковид-19, потоа активностите сврзани со европската агенда и отворањето на првите поглавја кон крајот на оваа година. Покрај тоа, го извести и за заокружувањето на функционалноста на Собранието со формирање на делегациите за мултилатерална соработка и на групите за билатерална соработка. Со тоа, ќе се продолжи на реализацијата на најавените посети од двете страни, кои беа прекинати поради пандемијата, и ќе се покаже посветеноста во одржувањето на континуирана и интензивна соработка.

Амбасадорот Ромео му го честиташе реизборот на претседателот Џафери, го поздрави формирањето на Владата и функционалноста на Собранието и изрази очекување дека во претстојниот период Република Македонија, како и сите други држави, ќе работи на зајакнување на економијата, како и на планот на обезбедување соодветна здравствена заштита на населението од Ковид-19. Се очекува засилена работа на државните институции на европската агенда, со испорачани реформи на кои Европската унија им придава големо значење во пресрет на отворањето на првите поглавја, особено на реформите во борбата против корупцијата, реформите во правосудството и владеењето на правото.
Соговорниците разменија мислења и за развојот на економската соработка, со особен акцент на планот на привлекување на поголем обем италијански инвестиции, потоа трговска и стопанска соработка, продлабочување на меѓупарламентарната соработка и споделување на заедничките искуства од надворешната политика и парламентарната дипломатија.

Во име на Собранието и во духот на одличната соработка со Италијанската Амбасада во Скопје, претседателот Џафери на Амбасадорот Ромео му врачи пригоден подарок и Признание за исклучителниот ангажман.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This