ПРОАЛБАНСКА МАКЕДОНИЈА ПРОТИВ РУСИЈА И СРБИЈА: Белградските медиуми објавуваат детали од средба на шефовите на тајните полиции во регионот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белградскиот дневен весник „Вечерње новости“ во период од две недели излезе со ново спомнување на Македонија во контекст на специјалната војна против Србија, како што ја нарекува наводната здружена шпионска акција диригирана од САД. – пренесува порталот „Експрес.мк“

„Важни алки на оваа ‘специјална војна’ се и влегувањето на Црна Гора во НАТО, настојувањето да се формира т.н. војска на Косово и преуредувањето на Македонија на проалбански основи“, пишува српскиот дневник.

Договорот за заедничка акција против Србија паднал минатиот месец во Подгорица, тврди весникот, посочувајќи ја ЦИА како покровител на средбата.

„Договорот за ‘мека’ офанзива на Србија е направен на состанокот во главниот град на Србија, на кој, покрај ‘домаќинот’ од ЦИА,  присуствуваа и шефовите на хрватската служба СОА, на албанската ШИК и на македонската УБК. Задачи добија и косовската агенција КИА, тајната служба на БиХ, ОСА, и црногорската Агенција за национална безбедност. На овој собир Србија е означена како опасна руска база на Балканот“, пишува „Вечерње новости“.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This