April 25, 2024, 12:51 am

Пробајте ја војничката техника за брзо заспивање: За само две минути ќе заспиете како топ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овој воен трик може да биде исклучително корисно решение за сите луѓе кои страдаат од несоница.

Ако сте навикнати да лежите будни навечер во кревет, вашиот мозок работи „сто на час“ и не можете да се смирите и да заспиете, тогаш имаме добри вести за вас.

Постои одлична воена техника што може да ви помогне да заспиете за само две минути.

Наводно, американската армија користи трик за да им помогне на војниците да заспијат во ризични ситуации, кога ќе добијат дополнителен адреналин, на пример на боиштата.

Како работи оваа техника?

Опуштете ги мускулите на лицето, вклучувајќи ги и мускулите на јазикот, вилицата и окото. Спуштете ги рамената колку што можете, потоа левата, па десната рака.

Издишете, опуштете го торзото, а потоа и нозете – од бутовите до стапалата.

Потоа треба да поминете 10 секунди обидувајќи се да го исчистите вашиот ум со примена на овие три техники:

1. Замислете дека лежите во кану на мирно езеро, со само синото небо над вас.

2. Замислете дека се одморате во црна лежалка од кадифе во темна просторија.

3. Повторете ги зборовите „Не размислувај, не размислувај, не размислувај“околу десет секунди.

Прв пат овој метод беше претставен во книгата „Опушти се и победи: Шампионска изведба“ од 1981 година и се верува дека техниката е развиена така што војниците не би направиле грешки кои би биле опасни по нивните животи предизвикани од нивната истоштеност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This