ПРОБЕН БАЛОН СО „НОВА МАКЕДОНИЈА“: Заев ќе го смени името на зелена маса, но народот ќе излезе на улица!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Име кое не носи географска одредница не може да биде предлог за ново име. Грците по тоа прашање се доста јасни и не прифаќаат име кое нема географска одредница, како на пример „Република Македонија – Скопје“ и слично. Исклучиво се согласни на име со географска одредница, како на пример „Горна“ или „Северна Македонија“

Веста која во вторникот ја пренесоа албанските медиуми, дека Скопје и Атина конечно се договориле околу името БЈР идека тоа ќе биде „Република Нова Македонија“, грчките официјални претставници остро ја демантираа.

Министерството за надворешни работи на Грција соопшти дека се работи за албанска провокација и ја отфрли таквата вест како неточна, пренесуваат грчките медиуми. Во соопштението се наведува дека се работи за чуден и непознат сајт, како и дека не е прв пат некој албански сајт да се бави со „сценарија“ за името Македонија.

Меѓутоа, аналитичарот до Скопје Александар Митовски смета дека лажната вест за наводниот договор помеѓу Македонија и Грција претставува пробен балон за да се провери реакцијата на македонскиот народ на таква можност.

„Речиси сум сигурен дека оваа шпекулација е од македонска страна. Имајте во предвид дека човекот кој е задолжен за европска интеграција во Владата на Македонија вицепремиерот Бујар Османи е Албанец, кој е добро познат по тоа дека беше главен за комуникација помеѓу партијата ДУИ и медиумите. Што значи дека тој има контакти со медиумите, па тој пробен балон веројатно дошол од македонската Влада“, оценува Митовски за Спутник.

Според неговите зборови, веднаш штом оваа вест беше објавена, во експертските кругови во Македонија беше јасно дека се работи за шпекулација.

„Име кое не носи географска одредница не може да биде предлог за ново име. Грците по тоа прашање се доста јасни и не прифаќаат име кое нем географска одредница, како ‘Република Македонија – Скопје’ и слично. Ислкучиво прифаќаат име со географска одредница, како на пример ‘Горна’ или ‘Северна Македонија’, па ‘Република Нова Македонија’ не би можело да биде ново име ниту во една комбинација, ниту тоа Атина би го прифатила“, напоменува Митовски за Спутник.

Како што вели, ако имаме во предвид дека Зоран Заев на своите странски покровители им ветил дека во првите девет месеци на власт ќе го реши прашањето за името на земјата и ќе создаде услови Македонија да влезе во НАТО, реално е да се очекува дека владата во Скопје и Атина сепак ќе постигнат некој договор.

„Меѓутоа, дека името ќе се промени – тоа ќе оди малку потешко, речиси невозможно, бидејќи во Македонија не постои таква атмосфера кај народот. 80 до 90 проценти од македонскиот народ е согласен дека не сака името на државата да се промени поради влез во ЕУ и НАТО. Значи, владите може да се договорат, но народот тоа нема да го прифати“, објаснува Митовски за Спутник.

Доколку дојде до договор за промена на името, граѓаните ќе излезат на улица, предупредува Митовски, но додава дека во овој момент е невозможно да се процени интензитетот на незадоволството кое би се излеало на улиците.

Како што е најавено, новиот круг преговори помеѓу Атина и Скопје околу името Македонија ќе биде одржан на 17.јануари во Њујорк, во присуство на посредникот на ОН.

22 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This