March 28, 2024, 11:09 pm

ПРОБЛЕМИТЕ ВО СВЕТОТ ПОТЕКНУВААТ ОД МАЖИТЕ КОИ ИМААТ МОЌ: Светот би бил многу поубав кога жените би ги воделе сите држави

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жените не се совршени, но неспорно е дека се подобри од мажите и светот би бил многу поубав кога тие би ги воделе сите држави, изјави поранешниот американски претседател Барак Обама.

Тој во Сингапур објасни дека повеќето проблеми во светот потекнуваат од возрасните луѓе, главно мажи, кои имаат моќ, а ако светот би бил воден од жени, би имало општо подобрување на животниот стандард. Обама рече и дека додека бил шеф на Белата куќа, размислувал за тоа како би изгледал светот кога би го воделе жени.

– Сега, жени, само сакам да знаете, вие не сте совршени, но можам да кажам – прилично е неоспорно дека сте подобри од нас (мажите). Апсолутно сум уверен дека за две години, ако жени управуваат со сите држави на светот, би виделе значајно подобрување во сè, нагласи Обама.

На прашањето – дали размислува за враќање во политиката, Обама истакна дека верува оти лидерите треба да се повлечат кога ќе дојде време за тоа.

– За политичките водачи е важно да се потсетат дека се овде за да ја вршат работата, но не доживотно, и оти не се тука на својата моќ да градат чувство на лична важност, заклучи Обама.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This