ПРОБЛЕМИ ЗА СИТИ: Рахим Стерлинг со сигурност го пропушта следниот натпревар на Манчестер Сити во Премиерлигата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рахим Стерлинг со сигурност го пропушта следниот натпревар на Манчестер Сити во Премиерлигата, клубот потврди дека тој нема да биде во комбинација за дуелот со Вест Хем.

Манчестер Сити во недела игра против Вест Хем меч од Премиерлигата, а Гвардиола нема да смета на Стерлинг.

Тој има повреда на бутниот мускул. Манчестер Сити се надева дека нивниот фудбалер брзо ќе се опорави, но потврдија дека нема да игра во недела.

„Рахим Стерлинг ќе го пропушти нашиот натпревар против Вест Хем овој викенд откако скенот покажа дека има повреда на левиот бутен мускул. Сите во Сити му посакуваме на Стерлинг брзо опоравување“, стои во соопштението.

Стерлинг кој се уте нема постигнато гол во 2020, беше стартер на 23 од 25 лига натпревари на Сити оваа сезона.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This