ПРОБОДЕН УШТЕ ЕДЕН „КОМИТА“: 17-годишно момче прободен во автобус број „22“, член на „Комити“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи објави дека вчера пред полноќ во градски автобус со број 22, кој сообраќал на релација Центар – Волково, во близина на Поликлиниката – Ѓорче Петров, вербална расправија на две групи прераснала во физичка пресметка, при што еден од учесниците бил повреден со нож.

„Лицето Н.М. (17) од Скопје се здобил со телесни повреди нанесени со нож (две посекотини на десната нога) по што е пренесен во болницата “8-ми Септември“ каде што му е укажана лекарска помош и е пуштен дома. Потоа Н.М. отишол во полициска станица и дал изјава за настанот. Две лица се приведени во Полициска станица“, информираат од полицијата.

На социјалните мрежи кружат информации дека нападнатиот е член на навивачката група на фубалскиот клуб Вардар – Комити, како и фотографии од двајцата напаѓачи, кои се дел од ривалската навивачка група Шверцери на Шкупи од Чаир.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This