ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ВАШАТА Е ПОМЕЃУ НИВ: Професии кои имаат лошо влијание врз здравјето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поединечни професии буквално го уништуваат физичкото и психичкото здравје. Дури 26 отсто од вработените во стресни професии бараат помош од доктори, покажува новото истражување спроведено на универзитетот во Јужна Калифорнија.

Респираторните болести се највисоко на врвот на листата во однос на сите други професионални заболувања.

Тие се појавуваат кај градежни работници, а најчеста болест е азбестозата – прогресивна болест која настанува со вдишување на азбестни материјали. Симптомите предизвикани од прашината на градилиштата се притисок во градите, кашлица, неправилно дишење како и дишење со напор.

Артритис на стопaлата предизвикан од константното стоење најмногу ги погодува учителите и професорите. Затоа им се препорачуваат удобни чевли со анатомски влошки со апсолутно одбегнување на високи потпетици, советуваат експертите.

Пореметувањето во спиењето е предизвикано од работата во смени.

Променетиот ритам на спиење и будноста можат да предизвикаат недостаток на енергија, појава на зачестени главоболки, отежната концентрација и промени во расположението. Последиците од ваквата лоша психофизичка состојба можат да бидат сериозни грешки и несреќи.

Депресијата е речиси сигурен исход за поголемиот дел од оние кои работат прекувремено односно подолго од 11 часа. Кај нив двојно се зголемува веројатноста за силен напад на депресија.

Депресијата може да се појави и кај луѓе кои заработуваат, грижејќи се за други лица, како што е домашната нега. Дури 11 отсто од вработените имале тежок облик на депресија поради чувство на немоќ, во однос на болната личност која очекува помош.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This