March 29, 2024, 12:44 pm

ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ СТЕ ГО ПРАВЕЛЕ ОВОЈ КВИЗ: Нов скандал со кражба на лични податоци – проверете дали сте жртва!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фејсбук податоци на повеќе од три милиони лица кои правеле квизови се објавени на лошо заштитени веб страници и можат да им пристапат неовластени лица, тврди New Scientist.

Податоците содржат одговори на квиз, не се наведени имињата на корисниците, но откриена е нивната возраст, пол и статусот на врска.

За 150 илјади луѓе откриени се и информации за ажурирани статуси. Сите тие податоци требало да бидат достапни само на одобрени истражувачи по пат на заеднички веб страници.

Меѓутоа, New Scientist откри дека корисничкото име и лозинката на оние кои им е одобрен пристап до податоците можат да бидат пројадени за помалку од една минута, овозможувајќи им на сите да ги преземат личните податоци.

Податоците се прибавени преку тест под називот myPersonality, а наводно шест милиони учесници дозволиле нивните податоци анонимно да се делат со истражувачите.

Тимот кој стои позади квизот му дозволил на секој истражувач кој сакал да ги искористи податоците, да им пристапи, па на вкупно 280 лица им е дозволен пристап, вклучувајќи и вработени во Фејсбук и други големи технолошки компании, се наведува во извештајот.

Од Фејсбук соопштија дека, како дел од истрагата за злоупотреба на корисничките податоци суспендирани се 200 апликации кои биле на чекање за преглед. Таму е вклучена и myPersonality.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This