Проверете си ги трансакциските сметки: Почнува враќањето пари од „Викенд без ДДВ“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за финансии Фатмир Бесими најавува дека исплатите на средствата од мерката „Викенд без ДДВ“ треба да почнат од следната недела.

Бесими не прецизира колку вкупно пари ќе им бидат вратени на граѓаните, но од претходно објавените податоци, станува збор за околу еден милион евра.

Оваа мерка беше спроведена на 10, 11 и 12 октомври, кога беше реализиран вкупен промет од околу 9 милиони евра, или поточно 558.176.715 денари, од кои, како што соопштија од Управата за јавни приходи, повратот изнесува 66.853.929 денари, односно нешто над милион евра.

Владините проекции при најавата на оваа мерка беа дека ќе се потрошат над 170 милиони евра, а повратот на ДДВ ќе биде во вкупна висина од 17 милиони евра.

Според податоците од УЈП, поврат на ДДВ од продолжениот викенд ќе добијат вкупно 204.088 граѓани кои купувале македонски производи и услуги како и компјутерска опрема и издадените фискални сметки ги скенирале преку апликацијата МојДДВ. Оваа мерка можеа да ја искористат околу 350 илјади граѓани кои се регистрирани во системот на Управата за јавни приходи за скенирање фискални сметки, но се покажа дека некои од нив не можеле или не сакале да ги искористат поволностите за поврат на ДДВ.

Според најавите, повратот на средствата требаше да се изврши во рок од три недели по викендот без ДДВ или најдоцна до крајот на октомври, но се пролонгира поради носењето на неопходната законска регулатива за реализација на четвртиот пекет мерки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This