„ПРОВИЗИЈА ЗА КИНЕЗИТЕ“ ВООПШТО НЕМАЛО: Лажните вести на провладините портали, наспроти вистината – обвинението нема врска со провизија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судскиот случај против Никола Груевски, Миле Јанакиески, Владимир Пешевски и Љупчо Георгиевски воопшто не е се однесува за провизии, како што секојдневно објавуваат медиумите на блиски на СДСМ, туку се работи за обвинение во три точки, анализира порталот Денешен.мк.

– 1. Дека не бил почитуван законот за јавни набавки. Одговорот за ова е дека парламентот усвоил специјален закон за градба на овие патишта, што според законот за јавни набавки е дозволено кога кредиторот поставува посебни услови и така се постапувало во многу случаи до досега. 2. Дека се поканила само една компанија од Кина, што исто така не е точно, бидејки поканети се две. Иако владата немала таква обврска, за да обезбеди поголема конкурентност и наддавање за пониска цена, по долго инсистирање добила од кинеската мбасада и втора компанија. Во ист ваков случај во минатото, при градбата на Козјак, токму владата на СДСМ одела само со една кинеска компанија, исто така со специјален закон. 3. Дека една понуда не била прикажана на парламентот и парламентот бил донесен во заблуда. Исто така е неточно, бидејки доставени се сите понуди примени во утврдениот рок, што ќе се покаже во постапката. Колективно тело Парламент не може да биде донесено во заблуда. Тоа се трите точки на обвинението против Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски, а Никола Груевски како последно обвинет е обвинет дека ги поттикнал на ова за да оствари политичка корист со градба на автопатите, пишува порталот.

Иако ова е кажано во јавноста повеќе пати, сите телевизии и портали под контрола на СДСМ свесно и секојдневно пишуваат дека Груевски е обвинет за провизии, што е целосно неточно.

-Доколку така одлучи, Груевски во даден момент може да ги тужи за клевета сите овие медиуми за свесно ширење лажни вести со цел негова компромитација, пишува Денешен.мк.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This