April 25, 2024, 10:45 am

ПРОВОКАЦИИ ОД БУГАРСКИТЕ КОШАРКАРИ: Македонија ја нарекуа „југо-западна Бугарија“ пред утрешниот натпревар!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Намерно или не! Кошаркарите на Бугарија на патот кон Македонија упатија голема провокација за нашето име. Павел Бојков Маринов, Станимир Маринов и Мартин Маринов на својот „Фејсбук” профил пишаа дека патуваат кон југо-западна Бугарија.

Колку и да сакаме да веруваме дека станува збор за грешка, сепак фактот дека Бојков беше соиграч на Бојан Трајковски во Сигал Приштина, а додека на еден од останатите двајца кошаркари, тренер му беше Александар Тодоров, доволно говори за нивната намера.

Ваквиот потег ни малку не е на место, особено ако се земе во предвид дека токму Бугарија утре и гостува на македонската репрезентација во СЦ „Борис Трајковски”.

Останува утре лично да ни објаснат во која држава се гости…

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This