ПРОВОКАЦИЈА ОД КОСОВО: Министерот за надворешни на Косово вели дека „горните“ не биле Македонци туку Бугари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Не можам да не ви кажам дека населението на Косово негува прекрасни симпатии и пријатни односи кон бугарското малцинство, кои се нарекуваат Горани во Косово“, рече косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли кој денеска е во официјална посета на Софија.

Тој, по средбата со бугарската колешка Екатерина Захариева потсети дека за време на неговата прва посета на Бугарија во 2007 година тогашниот бугарски министер за надворешни работи го покренал прашањето за бугарското малцинство во Косово, пренесе БГНЕС..

„Дури и тогаш, јас се обврзав да посветам поголемо внимание и поддршка на ова малцинство“, додаде Пацоли. Косовскиот министер за надворешни работи изјави дека и за време на денешните разговори со министерот Екатерина Захариева било допрено прашањето на Бугарите во Косово.

Пацоли вети дека „доколку има нешто неисполнето во овој момент, лично ќе се ангажирам да помогнам…“

20 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This