ПРОГЛАСОТ НА ВМРО-ДПМНЕ Е БРАНИК НА МАКЕДОНСКАТ ДРЖАВНОСТ: Прогласот е глас на сите Македонци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Вчерашниот проглас на ВМРО-ДПМНЕ е силен и одлучен глас кој оваа партија го крена во знак на одбрана на суверенитетот и независноста на државата. Овој проглас е браник на Македонската демократија и на Македонските интереси. Прогласот е глас на сите Македонци. Вака експертската јавност го коментира вчерашниот проглас кој го донесе Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и кој пред јавноста го соопшти лидерот на партијата, Никола Груевски.

gruevski-proglas-640x423

 

-ДИК донесе незаконски одлуки со цел изигрување на изборната волја на народот. Работата на ДИК се претвори во пародија. Имаме информации за вмешување на некои странски претставници во нивното работење, а со цел вршење влијание на некој од членовите на ДИК во правец на постизборен инженеринг и фалсификување на изборната волја ан граѓаните. Некои од независните претставници на ДИК, всушност не се независн Незаконските одлуки на ДИК може да ги корегира Управниот суд. Повикуваме, да не се врши притисок  на Управниот суд од никого, изјави Груевски

Тој нагласи дека доколку Управниот суд подлегне на влијанијата од страна и ги незаконските одлуки на ДИК и со тоа се одзеде победата на ВМРО-ДПМНЕ и се фалсификува слободно изразената волја на граѓаните на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ објавува дека нема да учествува во прегласувањето и нема да ги признае резултатите од тоа прегласување.

-Аболицираниот криминалец Зоран Заев нема да дозволиме да формира Влада со фалсификувана волја на граѓаните на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи функционирање на институции со фалсификувана волја на граѓаните и функционирање на институции кои го немаат легитимитетот на граѓаните на Република Македонија, рече Груевски.

Второ, нагласи Груевски, државата мора суверено да ги носи  одлуките, некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата.

proglas-1

 

-Тоа мора да запре, остануваме отворени за комуникација со сите амбасадори и претставници на други држави, но некои амбасадори кои почнаа премногу да се мешаат во нашата внатрешна политика. Мора да престанат да го прават тоа. Трето, ВМРО-ДПМНЕ во иднина нема да прифаќа нестандардни или хибридни решенија во било кој сектор доколку истите ги нема во другите земји членки на ЕУ. Четврто, ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати и нема да дозволи кантонизација и редефинирање на државата под било какви услови или околности. Петто, ќе се бориме за десоросоизација на Македонија и јакнење на независен граѓански сектор кој нема да биде под ничија контрола. Ќе се пристапи кон регулирање на областа на финансирање на фондациите и невладините организации по теркот на најнапредните демократии во светот, рече Груевски.

Прогласот е глас на сите Македонци

Универзитетската професорка Тања Караками[ева- Јовановска вели дкеа вчерашниот проглас на ВМРО-ДПМНЕ е силен и одлучен глас кој оваа партија го крена во знак на одбрана на суверенитетот и независноста на државата. Овој проглас, нагласува таа, е браник на Македонската демократија и на Македонските интереси.

-Прогласот е глас на сите Македонци, глас на сите загрижени граѓани на Република Македонија кои во овие клучни, историски моменти за земјата чувствуваат дека државата е ставена во замка во која треба да се случи последниот чин-фалсификување на изборните резултати и фалсификување на изборната волја на мнозинството граѓани како последен чин од стратегијата подготвен во кујната на неколку надворешни и внатрешни сценаристи. ВМРО-ДПМНЕ има обврска да му предочи на Македонскиот народ што се случува во земјата, иако граѓаните се многу свесни за се, има обврска да ги посочи странските замешатели кои одамна и многу сериозно излегоа од дипломатскиот формат и од надлежности утврдени во Виенската конвенција за дипломатски односи на штета на интересите на државата. Во прогласот конечно се кажаа многу работи кои ја тиштат нашата држава повеќе од две години, како и јасно се дефинираа следните чекори кои треба да бидат преземени за да се спречат натамошните ескалирања на политичката состојба, вели Каракамишева- Јовановска.

 

karakamisheva-1

 

Според неа, сите хибридни решенија кои се прифатија во времето на политичката криза не донесоа ништо добро за земјата.

-Странските олеснувачи и дипломати повеќе ги отежнаа отколку што помогнаа во политиката. Токму затоа во прогласот на ВМРО-ДПМНЕ јасно и директно се вели дека оваа партија нема да учествува во никакви идни можни преговори со странски претставници, и дека работите ќе се решаваат со внатрешни сили и знаење така како што доликува на една организирана држава согласно европските стандарди и добри практики. Прогласот на ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од државнички. Тој е сенароден проглас за одбрана на интересите на сите граѓани што и мислат добро на државата. Политички, редно време е да ги збиеме редовите, да се организираме во одбрана на демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите слободи и права како клучни принципи врз кои се заснова ЕУ и Советот на Европа, како клучни принципи врз кои се заснова и нашиот уставен поредок. Да го вратиме владеењето на правото во државата. Да им го земеме правото на одредени странски и домашни поединци да владеат со нас надвор од изборната и суверената волја на граѓаните, заклучува универзитетската професорка.

 

 

pandov-2-1

И политичкиот аналитичар Александар Пандов смета дека прогласот на ВМРО-ДПМНЕ е и повеќе од државнички став.

-Апсолутно, не само што е државнички став, ова е и повеќе од тоа. Ова е став на лидер кој во јасно детерминиран момент излегува пред македонската јавност и јасно ги поцртува црвените линии до каде можат ДИК, Управен суд, странски замешетелства, СОРОС, СЈО и останати импланти сега во македонското општество, да си играат со јасно изразената волја на македонските граѓани, вели Пандов.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This