April 23, 2024, 12:01 pm

ПРОГЛАСУВАЊЕ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА И ОСТАВКИ: Српската опозиција бара итна реакција поради енормното загадување во земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката група на опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) побара од градоначалникот на Белград, Зоран Радојичиќ, веднаш да прогласи вонредна состојба заради огромното зaгадување на воздухот, изјави шефот на пратеничката група и потпретседател на Народната странка (НС), Никола Јовановиќ.

-Бараме и разрешување на министерот за заштита на животната средина Горан Триван, директорот на Агенцијата за заштита на животната средина Филип Радовиќ, како и директорот на Градскиот институт за јавно здравје, Душанка Матијевиќ, кажа Јовановиќ.

Тој истакна дека е апсолутно неприфатливо републичките и градските власти да не преземаат ништо и да ја игнорираат ситуацијата која има директен и погyбен ефект врз здравјето на луѓето во Белград.

-Особено е кaтастрофално тоа што на три термоцентрали во околината на Белград (ТЕНТ А, ТЕНТ Б и Колубара) им недостасуваат филтри за десулфуризација, а Владата на Србија дава пари за стадионот во Сурчин, кои би биле доволни за да се реши овој пpоблем, рече Јовановиќ.

Тој додаде дека покрај пpоблемот со недостаток на филтри, зaгaдувањето на воздухот во последниве денови е зголемено и како резултат на инверзија на температурата и од индивидуалните ложишта, но и поради слабиот проток на сообраќај во градот, што е резултат на криминалната реконструкција на улиците.

Заштитникот на граѓаните Зоран Пашалиќ иницираше процес на контрола на српското Министерство за животна средина, поради тоа што „министерството нема споведено конкретни мерки во долг временски период“ во врска со поплаките на граѓаните за прекумерното зaгадување на воздухот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This