Прогноза на „букмејкерите“ за дербито на 11 декември: ВМРО ДПМНЕ – СДСМ = 10:0

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тимот на Груевски игра пресинг во текот на целиот меч. Кондиција не му недостига. Дава голови и игра фудбал за публика, пишува Лидер.

vmro

Тимот на Заев игра без концепт, не трча доволно, фаулира и плаче кај делегатот и судијата. На публиката која не аплаудира на ваквото неспортското однесување и покажува среден прст.

Политичките букмејкери во ликот и делото на неколку релевантни институти, аналитичари и експерти ги пресметаа коефициентите за долгоочекуваното и неколку пати одложено соочување меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. По распуштањето на парламентот уште еднаш ставија црта на математичките, статистички, политички и други научни анализи и количникот спуштен зад знакот еднакво покажува убедлив триумф на партијата на Никола Груевски. Димитрија Чуповски во октомври, Павел Шатев во септември, ИРИ во летните месеци го измерија расположението на гласачите. Сите анкети прогнозираат убедлива  победа на ВМРО ДПМНЕ на изборите што ќе се одржат на 11 декември.

“Лидер“ во оваа анализа дава објаснување на ваквата конјуктура на македонската политичка сцена. Зошто и во ова претстојно десетто меѓусебно соочување од 2005 наваму, ВМРО ДПМНЕ е убедлив фаворит, а  СДСМ е губитничка варијанта за обложување.

Квалитет

Разликата меѓу двата тима во квалитет на секое поле е евидентна, фудбалски кажано таа е иста, дури можеби поголема од разликата меѓу Барселона и Осасуна. И во таква ситуација ќе биде голема кавга да се состави првиот тим на СДСМ. Има многу играчи на резеврната клупа, сите желни за милионски трансфери. Што стари доверители, што нови заслужни шарени револуционери. Дел докажани губитници, дел тотални анонимуси. Површен поглед на најистурените играчи во двата тима покажува дека вмровските политичари се интелектуално поподготвени, како личности похаризматични, како луѓе поприемчиви за обичниот македонски човек. Вмровците се луѓе од народот. По десет години на власт сеуште цврсто газат на земја. Социјалдемократите и покрај турбуленциите низ кои поминаа останаа  замосамислена елита која сеуште зрачи со ароганција и глуми недопирливост. 

Концепт

ВМРО ДПМНЕ промовираше нов тренд во политиката, СДСМ уште талка по сопствен концепт. Електоратот неможе да ја препознае понудата на опозицијата. Дали алтеративата на стилот на ВМРО ДПМНЕ е негова лоша копија или пак треба да биде сосема спротивна филозофија на поимање на политиката? СДСМ неуспева да го фати кормилото и да зацрта сопствен курс на пловидба по бурното политичко море. Капетаните на заринканиот брод ги менуваат одлуките од ден за ден, а решенијата ги базираат на моменталната инспирација. Од невешто спакуван популизам до елитизам без грам усул, тежок за голтање дури и за отпорниот и научен на се’, желудник на македонскиот политички предатор.

Визија

ВМРО ДПМНЕ отсекогаш имала јасна визија за иднината на државата и прецизно поставени долгорочни цели. СДСМ во изминатите две и кусур децении ( кога беше на власт и уште повеќе кога е во опозција ) функционира по принципот од денес за утре. Клучните одлуки се носат врз база на дневно политичка проценка водени од интересот за најбрз и најлесен личен и партиски профит. ВМРО ДПМНЕ чекори во стратешки зацртаната насока и постепено но упорно и без откажување ја разгазува зацртаната патека без  оглед на бројните препреки. Со една речиница, СДСМ го избира пократкиот и полесен пат  ( затоа никако неможат да го најдат излезот од лавиринтот )

ВМРО ДПМНЕ гази по патот за кој секој во партијата верува дека е вистинскиот.

Организираност 

ВМРО ДПМНЕ е модерно организирана партија во која секој член без разлика на партискиот стаж, бекграундот или потеклото добива еднаква шанса. Во оваа организирана партиска структура се напредува на база на квалитет. Образование, трудољубивост, посветеност. Со фудбалски речник, ВМРО ДПМНЕ гази како Баерн Минхен. Не е мит дека Груевски и тимот околу него работат 24/7. Можете да ги замислите шминкерите од СДСМ од утро до полноќ во Влада? Тешко. Тие повеќесакаат да пијат кафе ( некои и дневна шема тераат со виски) и да оговараат. Нивната политичка филозофија и натаму е сплеткарење, подметнување место планирање и здраво работење. Во ВМРО секој си го знае своето место и мора да преземе максимална одговорност за позицијата што ја има. СДСМ и по две децении и неколку неуспешни реформи неможе да се ослободи од татините синови, внуци и наследници на старите заслужни кадри. Таму и да си генијалец ќе останеш лепач на плакати ако нема кој да те турка.

Отчетност

Груевски промовираше еден многу важен принцип,можеби пресуден во неговата професија. Македонските граѓани не беа научени на отчетност, на ветено сторено, на кажано а не излажано. Не толку одамна, македонците беа научени да гласаат против а не за. Гласаа против оној што ги лаже и краде, против политиканти и манипуланти. ВМРО победува зашто гласачите го сменија менталитетот. Последниве години гласаат “за“ проекти, за посветеност, за трудољубивост, за истрајност. За вистинските вредности што ја прават политиката благородна сфера преку која работите може да се менуваат на подобро. За оваа партија државата е пред се а сепак најважен е секој поединец одделно. Тој микс од грижа за индивидалниот и колективен интерес ја прави ВМРО препознатлива и уникатна. Таа е како брана за националните интереси и во истовреме како трамболина за раст и напредок во секоја сфера. 

На теренот…

Со фудбалски јазик кажано, тимот на Груевски игра пресинг во текот на целиот меч. Кондиција не му недостига. Дава голови и игра фудбал за публика. Има контрола на теренот, прецизни додавања, брзи контри, удари на гол, пречки, стативи и погодоци. Брзо се трансформира од одбрана во напад и обратно. Игра на победа и победува.

Тимот на Зеав игра без концепт, ја пимпла и лесно ја губи топката.  Не трча доволно, се движи бавно на теренот, играчите солираат оти се замислуваат ѕвезди.Тренерот нема идеја и тешко се создава шанса. Тимот игра грубо, со многу фаули и неспортски потези, бара помош од судијата а на публиката која не аплаудира на неатрактивната игра и неспортското однесување и покажува среден прст. Играчите туркаат, влечат за дрес, клоцаат. На крај плачат кај делегатот и поразени си заминуваат во соблекувалната или предизвикуваат инцидент во обид да фатат службен резултат што им одговара.   На крајот може да им се случи да испаднат од првата лига.

….ВМРО ДПМНЕ и по стоте бомби на Заев милионите на Сорос и шарената  револуција остана партија на која може да и се верува. СДСМ во  намерата да му го покаже на народот валканиот веш на противникот се измачка со л…. до гуша.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This