Прогноза на УХМР: Утре дoжд, од среда потопло вpeме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето утре ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови и проследени со засилен јужен ветер. Во попладневните часови врнежите постепено ќе престануваат, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат од 2 до 9 степени, а дневните од 9 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 6 степени, а дневната до 12 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла и со умерен, наместа засилен ветер претежно од јужен правец. Утринските температури ќе бидат позитивни, а дневните во значителен пораст, информираат од УХМР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This