ПРОГРЕСОТ И НАПРЕДОКОТ БИЛЕ НЕЗАПИРЛИВИ: Заев пресреќен што седна на столчето во НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова е голем, историски ден за сите наши граѓани. Денес, најголемиот безбедносен сојуз на светот, НАТО, ни кажа добредојде. Денес седнавме рамо до рамо со нашите сојузници, на иста маса, во иста Алијанса.

Ова на својот Фејсбук профил го напиша премиерот Зоран Заев по потпишувањето во Брисел на Протоколот за прием на Македонија во НАТО.

– Среќни сме, и треба да бидеме, бидејќи обезбедивме трајна стабилност за нашата земја. Обезбедивме сигурност, безбедност и мир. Прогресот и развојот сега се незапирливи. Нашите генерации и децата на нашите генерации ќе живеат подобро, во земја и во регион кои зрачат со надеж. Нека ни е честито, да бидеме горди, напиша премиерот Заев на својот Фејсбук профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This