ПРОДАВНИЦИТЕ ЗATBOPEHИ: Прва нepaботна недела во Црна Гора

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Црна Гора денеска се затворени сите продавници и трговски центри, бидејќи стапи на сила измената на Законот за внатрешна трговија, со кој се пропишува дека во недела и во деновите на државните и други празници трговијата на мало може да се обавува само во специјализирани продавници, пазари или трафиките за продажба на весници.

Претставниците на трговските центри се обраќаа во меѓувреме до Министерството за економија, повеќе пати, со цел да им се овозможи работа во неделите, но нивните барања се одбиени.

Трговците стравуваат од пад на прометот, а воочени се и необични ситуации – на киосците, на пример, нема весници од Србија, бидејќи како што се вели, трговците не нарачале бидејќи не знаеле дали трафиките ќе работат во недела.

Законот предвидува во неделите и деновите од државните празници да може да работа аптеките, како и продавниците за леб и пекарски производи, цвеќиња, сувенири, погребална опрема, бензинските пумпи и продавниците во нивни рамки.

Законот предвидува за оние кои ќе ги прекршат одредбите казни од 1000 до 10 илјади евра, а предвидено е и затворање на објектите.

Работата во недела ќе биде контролирана од трговски инспектори, а надзорот ќе биде зајакнат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This