April 25, 2024, 10:19 am

ПРОДАДОА ВЕРА ЗА ВЕЧЕРА: Предлагачи на законот за амнестија се лица кои би имале личен бенефит од истиот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нациналното помирување и предлог законот за амнестија се актуелни деновиве. Симптоматично дојде најавата на премиерот, Зоран Заев дека национално помирување мора да има, во периодот кога имаше потреба од двотретинско мозинство во Собранието за да се отвори расправата за уставните измени од договорот од Преспа.

Откако опозицијата не „падна во нествест“ од предлогот на Заев, се преформулираше помирувањето во нов закон за амнестија кој треба да ги опфати инволвираните во настаните од 27 април. Оваа тезгарска понуда импресионираше дел од пратениците кои случајно или не, се инволвирани во судски процеси токму за настаните од 27 април и процеси покренати од страна на СЈО за наводен криминал и злоупотреба на службена должност.

За волја на вистината Заев е спремен да ги ослободи сите „терористи“ од обвиненијата освен неговите „тепачи“, односно оние кои физички напаѓале и биле под некаква командна одговорност и следеле некакви си наредби.

Вчера на пленарната седница, владеачкото мнозинство го одби предлогот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, но не и на пратеничката група „Кожувчанка“. За да биде иронијата уште поголема, тројца пратеници од пратеничката група „Кожувчанка“ се директно инволвирани во настаните од 27 април и директно засегнати од евентуалниот закон за амнестија.

Тоа значи дека предлагачи на законот се лица кои би имале личен бенефит од изгласувањето и спроведувањето на истиот.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This