April 25, 2024, 10:53 am

ПРОДЛЖУВА ПРИТИСОКОТ ВРЗ ИНФОМАКС: Сателит збирштините на СДСМ во ликот на разни совети и сервиси се обидува да го замолкне Инфомакс.мк!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжуваат притисоците врз Инфомакс.мк од страна на невладините организации и сателитските здруженија кои како единствена задача и оправдување за нивното постоење е валканата кампања која треба да ја водат во корист на СДСМ 

pritisok_semm

По очајната „ревизија“ која ја направи извесен Сервис за проверка на факти инаку спонзориран од фондот на УСАИД и Сорос, денес до редакцијата на Инфомакс, пристигна и преставка од Советот за етика во медиумите, во кој од редакцијата на Инфомакс се бара да се произнесе по жалба која ја поднеле дел од полициските службеници во врска со информацијата дека во МВР веќе се прави список на вработени кои го прекршиле Законот за полиција но и професионалните и морални обврски и во време на политичка кампања присуствувале на партиски активности, нешто што со Закон е забрането.

Во името на транспарентноста, нашиот одговор до Советот за етика во медиумите ќе биде јавен.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Во образложението на жалбата е наведено дека изнесените класифицирани информации за полициските службеници на МВР на Р.М. кои се степенувани како строго доверливи согласно Законот за класифицирани информации, се неточни, невистинити и крајно тенденциозни со цел да се наруши приватноста, угледот и достоинството на полициските службеници. Се додава дека во текстот на полициските службеници им се импутира и партиска припадност, односно истите се декларирани како партиски послушници и насилници кои по завршувањето на парламентарните избори ќе бидат избркани од работа, согласно веќе изготвени списоци во МВР на Р.М. – стои во жалбата која денес беше испратена до редакцијата на Инфомакс[/kopa_block_quote]
kreteni_semm

Нејасно е како Советот за етика во медиумите претпоставува дека информациите објавени во текстот „КОЈ ЌЕ ЛЕТА ОД РАБОТА НА 12-ТИ ДЕКЕМВРИ: Направен список на партиски послушници на СДСМ во МВР кои ќе сносат одговорност по изборите!“ се класифицирани кога наведените службеници во посочениот текст се јавни службеници, вработени во П.С. Прилеп меѓу кои и еден командир на полициска станица. Имињата и фунцкиите се општо познат факт и лесно достапен до широката јавност.

Понатаму во жалбата, се забележува дека ние сме импутирале партиска припадност на полициските службеници. Прашуваме, кој на кого импутира претпоставки? Дали тоа го направиле самите полицајци и припадници на МВР кои се фотографирани како учесници на партиски активности на политичката партија СДСМ, или пак ние? Дали е импутирање објавување на фотографија објавена на официјалниот веб сајт на политичката партија на која се забележани припадниците на МВР, или пак тоа е објавување на верификувана вистина? Дали ние импутираме партиска припадност, или самото нивно појавување на партиски активности организирани од политичката партија СДСМ, претставува јасна потврда за нивната партиска припадност?

Во наведениот текст, кој е предмет на жалба и причина за притисок и замолчување на Инфомакс, дополнително се наведува дека Инфомакс ги декларирал припадниците на МВР фотографирани на партиските активности на СДСМ како насилници и партиски послушници. Прво, Инфомакс не ги декларира наведените како насилници туку пренесува сведоштва од граѓанин, кој поради страв за неговата безбедност замоли да остане анонимен, и ние немаме намера да го соопштиме неговиот идентитет бидејќи не веруваме во интегритетот на Сеоветот за етика.

Второ, Инфомакс не се заканува на полициските службеници, туку како што стои во текстот, од извори во МВР добивме неофицијални информации дека таков список веќе циркулира, а наведените имиња на полициските службеници во спорниот текст веќе се впишани во истиот. Уште еднаш, немаме намера изворот од МВР да го обзнаниме, особено не на збирштина непрофесионалци и непознавачи на основните правни норми во Р.Македонија, чиј интегритет е загрозен уште од самиот почеток следејќи го фактот дека целосната активност на Советот за етика во медиумите се однесува против медиуми кои досега немаат примено грантови на фондации како УСАИД и Сорос, односно медиуми кои критички известуваат за активностите на опозицијата.

На крајот, скандалозна е пропозицијата која стои на крајот на претставката во која се обидувате да наметнете единствен „излез“ од понатамошно процесуирање. Имено, предлогот „целосно или делумно“ согласување со постапката ќе резултира со отфрлање односно медијација на жалбата. Скандалозноста во овој предлог е во тоа што олеснителната околност ја базирате само во случај на признание дека ние сме го прекршиле законот, иако тоа не е случај, со што погрешно и неетички би биле обвинети. Како Совет за етика, прашуваме дали го разбирате ефектот на овој предлог? Колкава е неетичноста во истиот, и дали сте свесни дека овој метод на „признај за да се спасиш“ е инквизиторска во самиот зачеток на реченицата од предлогот?

Ова е нашиот одговор до Советот за етика во медиумите, и воедно ги известуваме дека чекаме позитивен одговор по однос на барањето за прифаќање на наш претставник во Советот со што би ја докажале вашата непристрасност и објективно расудување, наспроти моменталната перцепција која ја уживате, а која е дека вашето делување е исклучиво во корист на една опозициска политичка партија.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This