ПРОДОЛЖЕНАТА РАКА НА СДСМ ПРОДОЛЖУВА СО ПРОГОНОТ И ПРИТИСОКОТ ВРЗ ВМРО-ДПМНЕ: СЈО со две нови овбиниенија против ВМРО-ДПМНЕ, едното за нелегално финансирање на партијата, а другото за незаконската изградба на седиштето на партијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Специјалното Јавно Обвинителсто денеска соопшти дека поднело две обвиненија за случајот Талир за нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Едното за нелегално финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, а другото за незаконската изградба на седиштето на партијата.

Во првото обвинение се опфатени поранешниот партиски лидер Никола Груевски, поранешниот генерален секретар на партијата Кирил Божиновски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и пратеникот Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска. Тие се обвинети дека незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра во кеш за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро сметката на партијата преку уплатници на име на различни луѓе.

За изградбата на новото партиско седиште, пак, се обвинети Никола Груевски и Кирил Божиновски. Тие склучиле договор за изградба на објектот со ДГ Бетон, иако според законот не смееле затоа што оваа фирма имала склучено договори за јавни набавки со други државни институции. Со договорот со Бетон тие договориле „несразмерна корист“ за ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин се стекнале со имотна корист од над 8 милиони евра за партијата.

СЈО бара притвор за Никола Груевски и одземање на пасошот за Елизабета Чингаровска за овој случај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This