April 20, 2024, 12:56 pm

Пpoдoлжeни мepкитe нa Кpит, вoвeдeни pecтpикции и нa Пeлoпoнeз

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рестриктивните мерки, односно полицискиот час и забраната за музика во угостителските објекти во три региони на грчкиот остров Крит се продолжени за уште една седмица и паралелно се воведени и во регионот Месинија на Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина.

Градовите Ханија, Ираклио и Ретимно на Крит, што се и три четвртини од островот, и понатаму се во црвената зона, а од денеска во истата категорија е и регионалната единица Месинија.

Полицискиот час од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро и забраната за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден, во конкретните региони ќе бидат во сила до 3 септември.

Од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција потсетуваат дека паралелно со рестрикциите, забрането е одржување и било какви настани во приватни простори со присуство на над 20 лица, а во спротивно предвидени се казни од 50.000 до 200.000 евра.

Конкретните рестриктивни мерки од локален карактер грчката Влада ги воведува во регионите или општините со влошена епидемиолошка состојба и со зголемен број новозаразени.

Досега, во текот на летото, вакви мерки имаше и на островите Миконос и Закинтос.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This