Продолжен притвopoт на Орце Камчев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска до Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје достави обвинителен акт за случајот „Плацеви на Водно“ против бизнисменот Орце Камчев „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

Обвинителот ценејќи дека се исполнети условите предвидени во Законот за кривична постапка бара продолжување на притворот за бизнисменот Орце Камчев. Според посочениот член од Законот за кривична постапка, обвнителот се сомнева дека постои опасност осомничениот лица да се скрие, но и околности кои укажуваат дека тој можат да се даде во бегство. Мерки на претпазливост за како што известија од судот беа побарани и за осомничените Н.Г. Н.Ј. и Р.К.К.

Кривичниот суд Скопје го прифати предлогот Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, (ОЈО ГОКК) за одредување мерка притвор, односно продолжување на притворот за лицето Јордан Камчев, осомничен во случајот „Плацеви на Водно”.

Мерки на претпазливост, како што известија од судот, им биле определени и на останатите осомничени во предметот.

Обвинителениот акт од ОЈО ГОКК за случајот „Плацеви на Водно” e поднесен против 6 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела Перење пари и други приноси од казниво дело по чл. 273 ст.1 како и Противправно стекнување и прикривање имот од чл. 359-1 ст. 1 од КЗ за еден од обвинетите. Обвинението согласно АКМИС – системот е распределено на оценка на совет за оценка на обвинител акт за понатамошно постапување, соопштија од Кривичен суд.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This