April 18, 2024, 11:13 am

ПРОДОЛЖЕТЕ СО САНКЦИИТЕ: Не сте ниту доволно моторизирани, ниту имате доволно гориво за да ги обиколите границите на Русија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оние кои се обидуваат да ја изолираат Русија не се доволно моторизирани ни да ги обиколат нејзините граници ниту пак имаат гориво за тоа, порача рускиот претседател Владимир Путин.

Russian President Vladimir Putin holds video conference with Russian military personnel in Syria
Путин на западните новинари им кажа дека е невозможно да се изолира Русија од остатокот на светот поради нејзината големина и местото во глобалната економија.

За време на неодамнешниот инвестициски форум „Русија повикува“, Путин оцени дека „какви било ограничувања во сферата на економијата кои се воведуваат од политички побуди им нанесуваат штета на сите“.

Тој призна дека руската економија го чувствува негативното влијание на западните санкции, „пред сѐ во ограничувањето во извозот на технологии“.

Рускиот претседател, меѓутоа, истакна дека е спроведена „успешна макроекономска стабилизација“ на руската економија, која пред сѐ се одразува во успешните мерки на Централната банка насочени кон намалување на инфлацијата.

Путин најави дека во 2016 година инфлацијата ќе го достигне најниското ниво во новата историја на Русија – ќе се спушти под шест отсто.

Тој ги истакна и намалената волатилност на националната валута и зголемувањето на девизните резерви на Централната банка, кои на први јануари изнесувале 368 милијарди долари., а сега изнесуваат 400 милијарди.

Путин смета дека за руската влада голем предизвик преставуваат „оптимизацијата на буџетот и зголемувањето на неговата ефикасност“.

„Буџетот за 2017 година е подготвен со планиран дефицит од три отсто, што е прифатливо дури и за водечките светски економии“, истакна рускиот претседател.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This