ПРОДОЛЖУВААТ ЗАКАНИТЕ И ЗЛОУПОТРЕБАТА: Закани и прераспределувања на службеници во пресрет на вториот круг!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ во пресрет на вториот круг од локалните избори врши притисок врз гласачите со прераспределување на нивното работно место во друга општина. Владата на СДСМ го злоупотребува државниот апарат за да се заканува на политичките неистомисленици, со цел победа во општините каде ќе има втор круг од локалните избори.

Како што може да се види од документот до кој стигна Република, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, вработени во Македонски шуми од Македонска Каменица ги преместува во Берово, само затоа што не се членови или активисти на СДСМ.

На овој начин СДСМ ги заплашува и врши притисок врз преместените службеници, но и останатите вработени да не излегуваат на гласање во вториот круг во Македонска Каменица каде за избор на градоначалник се борат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. СДСМ на подмолен и нечовечки начин се обидува да ги добие изборите во Македонска Каменица.

Граѓаните се револтирани затоа што без причина се преместуваат да работат во други градови. Тие малтретирани и се приморани да патуваат над 120 километри дневно. Поради тоа граѓаните сметаат дека ова е ништо друго освен политички реваншизам и хајка против нив само затоа што се политички неистомисленици на СДСМ.

Претходно во очи на првиот круг на локалните избори, владата на СДС исто така без никаква причина и објаснување распределуваше вработени од Македонски Шуми од Берово дури во Кичево и Ресен за да изврши притисок врз нив и гласачите во Берово. Граѓаните кои ги добија решенијата за прераспределување на 10-ти или 12-ти октомври велат дека сето тоа се правеше со цел СДС да ги добие изборите во Берово уште во првиот круг.

Малтретираните работници велат дека животот кој го ветуваше СДСМ пред парламентарните избори важи само за членството на СДСМ, а тие што не се согласуваат со нивната политика доколку сакаат да продолжат да земаат плата се приморани да трпат злоупотреби и тортури на своите работни места.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This