ПРОДОЛЖУВААТ МЕЃУНАРОДНИТЕ АКТИВНОСТИ: Мицкоски на средба со Спраул, Генерален Директор за Европа и Евроазија во МНР на Канада и Чаба, Амбасадор на Канада во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со Дејвид Вилијам Спраул, Генерален Директор за Европа и Евроазија во МНР на Канада и Кати Чаба, Амбасадор на Канада во Република Македонија. На cредбата се разговараше за многу теми, политичката состојба, предвремените парламентарни избори во Македонија како и владеење на правото, информираат од партијата.

Мицкоски на средбата посочи дека се подготвува новата програма на партија на што главен акцент се става на основната стратешка цел, а тоа е членството во Европската Унија. Новата Влада која што ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ има стратегија како да ја стави Македонија на брзата трака за членство во Унијата.

Најголемите проблеми со кои што се соочува денес Република Македонија е kpиминалот и kopупцијата кои станаа секојдневие во државата. Оваа власт наместо граѓаните да ги штити од kpиминалот тие помогнаа повеќе да се рaшири низ земјава.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, напомена по 12-ти април, ќе започне обнова на Република Македонија, каде што повеќе новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага за отчетност и транспарентност, ќе работи на вистински реформи кои ќе ја доближат Република Македонија поблиску до ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This