March 29, 2024, 12:26 am

ПРОДОЛЖУВААТ ПРЕПУКУВАЊАТА: Мухамед Зекири го нарече поглаварот на ИВЗ – зло!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, остро го нападна поглаварот на ИВЗ за време на седницата посветена на пратенички прашања, велејќи дека Реџепи работи незаконски уште кога пред десетина години застанал на чело на институцијата со оружје и закани. Зекири вели дека и покрај промената на власта во Македонија и скандалите кои постојано го следат Реџепи, успева да опстои на позицијата.

Потпретседателот на СДСМ јавно од премиерот побара УЈП, Финансиска полиција и Трудова инспекција да ја прочешлаат ИВЗ.

Сулејман Реџепи ја претвори Исламската верска заедница во свој пашалук каде ги вработи своите најблиски, а не верниците кои навистина ја сакаат институцијата – обвини Мухамед Зекири вчера од собраниската говорница.
Дали ќе влезе некогаш и Финансиска полиција да провери на кој начин се финансира оваа институција, и на кој начин тој менаџира со парите на верниците, запраша Зекири.

Има ситуации ИВЗ, како и МПЦ, има голем имот, се што е дадено под кирија и под закуп, тој се уште ги наплаќа со „каса-прими“, едно пишува на тефтер, друга сума се наплаќа од луѓето што ги имаат под закуп. Мислам дека е време некој да влезе и да провери што точно овој човек работи во таа институција – истакна Зекири.
На ова барање, премиерот одговори дека државата не е надлежна да се инволвираат во внатрешните процеси на верските заедници во Македонија, но тоа не значи дека некој е надвор од законот. Заев објасни дека неколку државни институции будно ги следат верските заедници во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This