ПРОДОЛЖУВААТ СТУДЕНТСКИТЕ ПРОТЕСТИ ВО АЛБАНИЈА: Илјадници студенти од државните универзитети се собраа пред Кабинетот на премиерот на Албанија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Студентите од државните универзитети во Албанија и понатаму продолжуваат да протестираат, инсистирајќи на исполнување на нивните барања и одбивајќи го дијалогот со институциите.

Илјадници студенти од државните универзитети се собраа пред Кабинетот на премиерот на Албанија. Студентите што протестираа рекоа дека нивната кауза не е политичка, и додадоа дека нема да се повлечат сè до исполнување на осумте барања.

На денешниот протест на студентите им се придружија и граѓани, активисти на граѓанското општество и студенти од неколку други градови во Албанија, како Елбасан и Скадар.

– Реакции на Рама и Баша –

Во врска со протестот со реакција повторно се огласи албанскиот премиер Еди Рама, кој преку социјалните мрежи ги повика студентите на дијалог.

„Деновите брзо минуваат и доаѓаат празниците, затоа не чекајте и дојдете да ја започнеме работата со дијалог, соработка и упорност за универзитетот“, напиша Рама.

Од друга страна, претседателот на Демократската партија на Албанија (ПД), Лулзим Баша, во изјавата за медиумите рече дека тој и неговата партија го поддржуваат протестот во сите форми и начини.

„Секако, ние сме таму со месо, дух и ум. Ние ги поддржуваме нашите луѓе, нашите деца, во сите форми и начини. Родителите се таму за да ги поддржат“, изјави Баша.

Осумте барања на студентите се намалување за половина на годишните тарифи за студирање за секое ниво на студирање, транспарентност во буџетот од страна на Министерството за образование и универзитетите, разгледување на академските звања и верификација на плагијати на докторски дисертации и научните текстови, универзитетскиот управен одбор да има еднаков број гласови, снабдување на секој студент со студентска карта во текот на академската 2018-2019 година, изградба на библиотеки со европски стандарди, како и евалуација на перформансот во наставата и научно истражување на педагогот.

Протестите на студентите во Албанија започнаа на 5 декември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This