April 26, 2024, 12:55 pm

ПРОДОЛЖУВААТ ТЕПАЧКИТЕ ВО СВР БИТОЛА: Командири и началници назначени од Оливер Спасовски вршеле мобинг и се заканувале на полицајци во СВР Битола!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжува сагата во СВР Битола, откако по завршувањето на митингот на СДС дојде до тепачка помеѓу полициски службеници вработени од Спасовски во обид да докажат кој тоа има поголема лојалност кон партијата

Пред два дена по завршувањена митингот на СДС во Битола во просториите на СВР дошло до нарушвање на јавниот ред и мир помеѓу двајца колеги, Александар Јовевски од ОКП/ОНТДО (близок до началикот на СВР) и Цане Талески, дежурен во ПС Битола, инаку како што дознаваме и двајцата приврзаници на СДС.
Јовевски иако примен додека на власт беше ВМРО-ДПМНЕ е во групата на Вангел Бошкоски, информираат добро упатени извори во полицијата.

Иако овој неред навидум бил надминат, откако и двајцата си поднеле пријави со медицински извештај за здобиени повреди, денес ситуацијата повторно ескалирала откако, во дежурната служба на СВР Битола влегол началникот на СВР Славко Јовановски, започнал вербално да го напаѓа дежурниот во БПС Цане Талески со зборовите „кој си ти да тепаш мои луѓе, ќе видиш што ќе те снајде, ќе те суспендирам и избркам од работа“, по што замавнал да му удри шамар, но во намерата бил спречен од Командирот на ПС за БПС Битола Горанчо Мицевски – дознава редакцијата на Инфомакс, од добро упатени извори во полицијата.

Оттаму за Инфомакс додаваат дека, насилството и мобингот врз вработените е секојдневно, а според информациите се врши од страна на Вангел Бошкоски, кој иако формално не е назначен за началник (поради криминалното минато) е неформален шеф на крим.полицијата во СВР Битола.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This