April 20, 2024, 12:07 am

ПРОДОЛЖУВА АГОНИЈАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЕУРОКОМПОЗИТ: Ако денеска нема пари за отпремнина и плата – вработените ќе ги блокираат патишта!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 100 вработени во „Еурокомпозит“ и уште 130 мина кои заминаа како технолошки вишок денеска најавија дека во понеделник ќе го блокираат патот Прилеп-Скопје доколку не им бидат исплатени 2 плати и 50.000 денари како отпремнина. Не се согласувале со ветувањето сега да добијат само по 8.000 денари како дел од плата и 25.000 денари отпремнина, наместо ветените 50.000. Вкупно имале за земање по околу 90.000 денари за отпремнина – jaвува порталот “Инфо Компас”.

„Како што гледате тие пари не се исплатени, најновата информација која што ја имаме е дека на луѓево денеска ќе им бидат исплатени по 25.000 денари, од ветените 50.000, а вкупно имаат за земање околу 90.000 денари отпремнина. И ние што требаше да земииме 2 плати ќе нии бидат исплатени од 8.000 до 10.000 денари. Луѓето ќе бидат селектирани, на некој ќе му се исплаќа 8.000 денари, а на некој 10.000 денари. Ние бевме денеска во контакт и со директорот и со претставникот на државниот капитал. Едните велат дека ќе ви бидат исплатени 50.000 денари, директорот вика немам толку пари. И заради тоа ние решивме на овој студ да излеземе на протести, да блокираме патишта и најверојатно да се стационираме пред Влада се додека не се реши проблемот. Сакаме некој од Владава да излези и да ни каже што се случува и дали мислат да си играат и понатаму со овие вработени“, вели Роберт Богданоски, синдикат на Еурокомпозит.

За Цветан Бунтески, еден од прогласените за технолошки вишок, веќе е неиздржливо без денар.

– И написмено беше дека на 30 ноември ќе добиеме по 50.000 денари. Но нема ниту плата повеќе од два месеца. Ова е неиздржливо, немаме денар за парче леб. Принудени сме на протести, велчи Бунтески.

Инаку работниците од „Еурокомпозит“ имаат побарувања за неплатени придонеси за шест години и 18-тина заостанати плати.

Протестите се најавуваат во почетокот на идната недела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This