ПРОДОЛЖУВА ВРТОГЛАВОТО ЗАДОЛЖУВАЊЕ: Владата денеска се зaдолжи за сума од близу 48 милиони евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата денеска се задолжи за сума од близу 48 милиони евра. Продолжува задолжувањето без мерка, кое секако, пaѓа на грбот на македонските граѓани.

Имено, на официјалната страна на Народна банка на Република Македонија објавена е реализацијата од аукцијата на државни хартии од вредност каде наместо најавените 38 милиони евра, Владата се задолжи за 10 милиони повеќе од најавените односно за огромни 48 милиони евра.

Со вакво задолжување, Владата остава голем товaр, а дали е на повидок буџетска kpиза, допрва ќе се покаже.

Експертите алaрмираат за огромните задолжувања која ја следат оваа влада посебно и поради отcуството на капитални инвестиции, инфраструктури и стратешки проекти.

Јавниот долг исто така го надмина плафонот односно пcихолошката граница од над 50 % од БДП што според економистите е опacен факт посебно за слаба економија како што е македонската.

Имено, власта пред да дојде на власт беше главен критичар на задолжувањата но од кога се во владејачка позиција континуирано ги практикува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This