ПРОДОЛЖУВА ЗАМРЗНУВАЊЕТО НА ИМОТИТЕ:СЈО не запира со замрзнување на сметки – ова е најновата одлука

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судија на претходна постапка во кривичниот суд во Скопје донел одлука да им го замрзне имотот на некои од осомничените правни лица во истрагата на СЈО за Поштенска банка, дознава ,,Макфакс”.

Како што дознаваме, замрзнати се недвижности на осомничените Ратко Димитровски и Томе Главчев – „Ноел експорт-импорт“ Гевгелија и печатница „Европа 92“ Кочани. Одлуката била донесена вчера попладне. Недвижностите не смеат да се продаваат или отуѓуваат.

Судот им го одби барањето на СЈО за притвор на ексградоначалникот на Кочани и сопственик на печатницата ,,Европа 92″ и останатите осомничени за кои беше побарана оваа мерка.
Наместо тоа им ги одзеде пасошите и им наложи да се јавуваат редовно во судот.

Истрагата „Поштенска банка“ е финансиска истрага во рамки на која девет лица се осомничени за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба“ и „овластување, перење пари и други приноси“ од казниво дело од член 273 од КЗ.

Со истрагата се опфатени Коле Смилевски, Томе Главчев, Ратко Димитревски, Викица Поповски, Георги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев.

Од извршените кривични дела сторени во временскиот период од 2001 до 2010 година била прибавена имотна корист во износ од околу 5 милиони евра.

Во почеток на 2001 година Љубчо Георгиевски, како претседател на Владата, Марјан Ѓорчев како вицепремиер и Никола Груевски како министер за финансии, со цел да го контролираат фактичкото функционирање на „Поштенска банка“, организирале во основањето на Банката, покрај „Македонска пошта“, која била во државна сопственост, да учествуваат и правни лица кои тие ги избрале – „Ноел експорт-импорт“ Гевгелија и печатница „Европа 92“ Кочани.

Сепак, поради застареноста на кривичното дело, СЈО во овој случај нема да ги гони Георгиевски, Ѓорчев и Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This