ПРОДОЛЖУВА ИЗГРАДБАТА НА ПЛАНТАЖА ЗА МАРИХУАНА: Кој ќе одгледува канабис во Петровец?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниту една фирма нема дозвола за одгледување марихуана во населено место во Општина Петровец. Од Владата велат единствено била издадена лиценца за парцела во индустриската зона.

-Фарма Ролли… е единствената фирма во оваа општина што има дозвола, но потенцираме не во населено место, велат од Владата.

Сепак, градоначалникот на Петровец го тврди спротивното – дека фирмата која сади во населеното место ја одбила парцелата во зоната Ќојлија и се одлучила за друга во селото Петровец. Тој вели дека нема надлежности да го спречи ова.

-Кога дојдоа луѓето, кога побараа парцела да купат за одгледување на марихуана, јас им ја понудив зоната Ќојлија, бидејќи за неполни два месеци ќе имаме таму локации и таму да купат. Но, од нивни причини, дали толку се брзаат не знам, веќе купија парцели и тоа купија повеќе парцели, вели градоначалникот на Петровец, Борче Митевски.

Претходно првиот човек на здравство чие министерство е надлежно за издавање на лиценци рече дека не знае за активностите.

-Компанијата која аплицирала во моментов немам увид, таков документ не е стигнат и не знам дека некоја компанија во Петровец, во населено место аплицирала за таква плантажа, вели Филипче.

Во Министерството за земјоделство пак се предомислија – првин тврдеа дека има дозвола а по изјавата на Венко Филипче го сменија одговорот .

Доколку навистина нема дозвола како што тврдат и во Владата и во Здравство и во Земјоделство тогаш на потег треба да биде министерството за внатрешни работи кое треба да го испита целиот случај. Оттаму пак велат дека воопшто не се запознаени со него.

-Досега не е пријавен таков случај, но ќе ги направиме потребните проверки и ќе постапиме согласно законите, велат од Министерството за внатрешни работи.

И Јавното Обвинителство молчи на прашањето на Алфа – дали тие по допрен глас ќе отворат истрага.

Ова е парцелата на која во моментов се прават подготвителните активности и која е на само неколку метри од првите куќи.

-Се наоѓа во населено место. Плантажа се прави, знам јас надвор од населено место. Значи не може да се прави тука до куќи, кај што живеат деца, кај што живее народ. Тоа треба надвор да се прави и заради тоа сме против. Бевме до кај градоначалникот, кој ни одговори дека не е во негова надлежност и дека не тој не дал никаква дозвола, вели Љубе Петровски, жител на Петровец.

-Ние жителите што живееме во околните куќи, ние сме против ова градење на плантажа, т.е. да се дислоцира на друга локација. Нека си се гради, но нека се дислоцира на друга локација во Петровец, бидејќи околу има куќи, вели Ружица Гроздановска, жител на Петровец.

Граѓаните кои живеат околу оваа парцела досега собрале повеќе од 50 потписи на петиција за стопирање на работите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This