April 27, 2024, 12:56 am

ПРОДОЛЖУВА ИНДИЈАНСКОТО ЛЕТО: Еве какво време нe oчeкyва

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер.

Минималната температура ќе се спушти меѓу 3 и 11, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло, со температура до 29 степени.

Во следните денови, како што информираат од УХМР, продолжува периодот на претежно сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината.

Оваа сезона првиот снег инаку можно е да пристигне порано на пониските места судејќи барем според моменталните анализи и развој на временската состојба.

Ноември месец за разлика од минатите години прогностичките модели за оваа година укажуваат на тоа дека ќе биде малку постуден од вообичаеното со просечно количество на врнежи иако истите има некои услови да останат и малку под просекот за тој месец.

Сепак не се исклучува можноста и за поизразени циклонски системи и повремено поинтензивни врнежи.

Инаку за во наредните денови како што веќе најавивме продолжува сушниот период кај нас со многу високи температури на воздухот за овој дел од годината.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This