March 28, 2024, 11:22 am

ПРОДОЛЖУВА КОНСТИТУТИВНАТА СЕДНИЦА: Денес најмасовен протест на граѓаните „За заедничка Македонија“, СДСМ со план за измама?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Sobranie-na-RM-02-Custom
Во текот на седницата вчера пратениците од ВМРО-ДПМНE ги повторија барањата, јасно да се каже што е договорено со ДУИ, како и за откажување од тиранската платформа. Потенцираа дека единствен излез од политичката криза е одржување предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

Пратениците од СДСМ, пак, побараа да се престане со кршење на Деловникот и на злоупотребата на институтот за процедурални забелешки. Посочија дека дебатата треба да се фокусира на точката на дневниот ред и да се остави за секое прашање да се дебатира кога ќе дојде време за тоа.

Пратениците во текот на расправата си разменија меѓу себе и обвиненија и прозивки за наводни криминали и злоупотреби.

Пријавени беа 51 пратеник за дискусија. Досега правото на збор го искористиле тројца пратеници.

Во Комисијата ВМРО-ДПМНЕ ќе биде застапена со шест членови, СДСМ ќе има пет, а ДУИ и БЕСА по еден член.

Од ВМРО-ДПМНЕ за членови се предложени Илија Димоски, Антонијо Милошоски, Крсто Мукоски, Даниела Рангелова, Димитар Стеванаџија и Благица Ласовска, од СДСМ Горан Мисовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов, Мухамед Зекири и Ивана Туфегџиќ, од ДУИ Џеват Адеми и Зеќирија Ибрахими од БЕСА.

Утврдувањето на предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, е предуслов за избор на претседател на Парламентот.

Конститутивната собраниска седница, почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината, бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.

На дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија, на која во текот на денешниот ден според партиски извори СДСМ ќе се обиде да протне измама во содејство со ДУИ, со цел нелегален избор на претседател на Собранието.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This