April 27, 2024, 12:25 am

ПРОДОЛЖУВА НЕПРОМИСЛЕНОТО ЗАДОЛЖУВАЊЕ: Владата ќе се задолжи за нови 67 милиони евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на 19-ти месецов повторно ќе се задолжи преку нова најавена аукција на државни хартии од вредност од 4.100.000.000 денари, односно околу 67 милиони евра.

Ова е едно од низата на задолжувања кои ги прави владата и Министерството за финансии додека економијата тоне. Имено, експертската јавност континуирано предупредува за зголемувањето на јавниот долг кој достигна над 50 % од БДП што е алaрмантно додека со позајмените пари воопшто не се градат стратешки проекти кои се од долгорочен интерес на државата.

Дополнително, реализацијата на капиталните проекти изнесува очaјни нешто над 30 % заклучно со месец септември што според економистите е kaтaстрофална бројка токму поради фактот што задолжувањата се огромни додека капиталните инвестиции се на очајно ниво и се поставува прашањето на што се трошат позајмените пари.

Ова според експертите исто така има нeгативно влијание врз градежништвото кое е во континуиран пад а кое е тесно поврзано со растот на БДП бидејќи градежништвото е главен учесник во градењето на БДП. Со вакви економски параметри познавачите сметаат дека тешко ќе се исполни овогодинешната проекција за БДП.

Инаку, владата пред да дојде на власт ветуваше дека задолжувањата ќе се намалат и дека јавниот долг нема да расте но податоците го покажуваат сосема спротивното .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This