April 23, 2024, 12:46 pm

Продолжува нeстабилното време, поројни дождови и грмежи не очекуваат и утре

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето утре ќе биде претежно облачно и посвежо. Претпладне ќе има сончеви периоди, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 30л/м2), поинтензивни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степен. УВ=5

Во Скопје претежно облачно, претпладне со сончеви периоди, а од пладне со зголемена нестабилност и појава на пороен дожд со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде околу 17, а максималната ќе достигне 26 степени.

Продолжува период на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено денес и утре, кога локално се очекува обилен пороен дожд (над 30 л/м2), силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This