ПРОДОЛЖУВА ПРОГОНОТ НА НАВИВАЧИТЕ: Претепаното момче од Тетово било член на навивачката група „Војводи“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Улиците ширум Македонија станаа небезбедни за членовите на навивачките групи кои застанаа во одбрана на Македонија, името, јазикот, идентитетот и историјата. Експоненционално се зголемени напади на членовите на навивачките групи, а откако власта се пресмета со навивачката група Комити сега на мета се Војводите од Тетово.

Имено по смртта на Саздо, и малолетникот навивач на Вардар кој беше нападнат со нож на Рекорд во Скопје сега, претепани тројца членови на Војводи од Тетово. Навивачите на Тетекс на својата фан страна на Фејсбук објавија дека синоќа околу 4 часот сабајле во близина на ,,Тетовчанка’’, биле претепани со дрва и палки 3-ца членови на навивачката група ,,Војводи’’, без никаква причина и повод. Лицата кои го извршиле нападот биле од албанска националност и без никаков повод го извршиле нападот.

Во понатамошниот пост Војводите коменираат дека некој сака да ги префрли немилите сцени од Скопје во Тетово.

-Вчера околу 4:00 часот пред “Тетовчанка” биле нападнати наши членови со палки и дрва при што повредени се 3 лица. За среќа сите денеска се добри, но со видливи траги од ударите кои ги добиле.
Настанот се десил откако допрел еден моторцикл и две возила и од нив излегле лица од албанска националност и без повод и причина ги нападнале.
Најверојатно некој сака да ги префрли немилите сцени од Скопје сега и кај нас во Тетово, но едно ќе ви порачаме на вас душмани кои секогаш напаѓате 10 на 1, бидејќи само тогаш имате храброст, да не си играте со оганот кој во моментов тлее низ цела Македонија. Не додавајте бензин во него оти ќе изгорите сите, многу добро не познавате и знаете на што сме спремни !, гласи целосната реакција на навивачката група на Тетекс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This