ПРОДОЛЖУВА САМОВОЛИЕТО НА ДИРЕКТОРОТ НА ДБКИ: Омилената колешка си ја унапредил за цели три хиерархиски нивоа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По првично објавените неправилности за работата на директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Стојан Славески, дојдовме и до ексклузивни документи за тоа како се местела постапката за унапредување на неговата миленичка, и тоа за цели три хиерархиски нивоа.

Имено, на првиот распишан конкурс, како што може да се види од документите, се пријавуваат повеќе лица, па бидејќи таа е најслаб кандидат, се поништува конкурсот, со цел да не се направи избор на некој од подобрите кандидати.

Потоа, 15 дена подоцна, повторно се распишува истиот конкурс, на којшто се пријавува само еден кандидат, и нормално се врши избор за унапредување. Од документите се гледа кој е единствениот кандидат овој пат и на крај Славески успева да ја унапреди својата колешка.

Како извинување за нелагодноста да мора два пати да аплицира на наместен конкурс и да се мачи на две интервјуа, Славески ја праќа својата миленичка на курс во Виена (слика подолу), чија тема е Заедничка надворешна и одбранбена политика на ЕУ, и покрај тоа што госпоѓата работи во финансии, и со безбедносна политика единствен контакт и е откуцувањето наутро за да влезе на работа преку безбедносната врата во ДБКИ.

Се посилни се шпекулациите, поткрепени со фалби од дотичната, дека унапредувањето не е доволно, па следниот конкурс за упатување на работа во Брисел, веќе се подготвува за неа. Останува да се види дали Славески, кој важи за близок до министерката Шеќеринска, ќе и ја исполни и оваа желба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This