ПРОДОЛЖУВА СКАНДАЛОТ СО ШВЕРЦОТ НА ТУТУН: Милионскиот шверц со тутун од Албанија го открил Кирацоски, но сега молчи – тера ли СДСМ бизнис?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Втор ден молк од надлежните институции за скандалот со шверц на тутун од Албанија и Бугарија препродаван во Македонија по двојно повисоки цени и субвенции. Надлежните органи – Царинската управа, полицијата, Министерството за земјоделство и Агенцијата за финансирање на земјоделскиот и рурален развој се уште не реагираат по информациите.

Фото: Слободен Печат

Како што објавивме фармери – тутунари кои самоорганизирано преку социјалните мрежи до нашата редакција испратија низа на информации во врска со кpимиaлнa трговија со тутун од Албанија, кој во Македонија се увезува деклариран како чај, а се препродава во откупните центри низ државава по двојно повисока цена, плус субвенци.

Неколку шлепери со тутун влегле во Македонија, информираат фармери од битолско и прилепско. Не се сигурни кој го прошверцувал тутунот, но дознале дека истиот бил внесен во Македонија од Албанија со шлепери, кои во царинските декларации имале заведено дека транспортираат чај.

Увозната цена на тутунот од Албанија била 90 денари по килограм, а шверцерите во Македонија го препродавале на откупните пунктови во Могила за двојно повисока цена, односно околу 180-200 денари од килограм. За оваа количина на тутун, тие добивале и субвенции од државата.

Фармерите додаваат дека освен од Албанија, слична шема се случува и со бугарски тутун, кој во Македонија се продава по дампинг цена, а одозгора препродавачите-шверцери добиваат и субвенции од државата по килограм предаден тутун.

Цената за еден килограм од овој тутун од сортата „Вирџинија“ чини од 5 до 7 евра, односно 300 до 450 денари на регулиран пазар.

Доколку ова се докаже како точно, загрижените фармери се на раб на откривање на огромна шверцерска организација, во која најверојатно се вклучени и лица вработени во Царинската управа, полицијата, Министерството за земјоделство и Агенцијата за финансирање на земјоделскиот и рурален развој. Скандал од вакви размери би значел дека од државниот буџет биле испумпувани десетици, ако не и стотици милиони евра државни пари на име субвенции, за тутун кој не е произведен во Македонија од македонски производител, туку спротивно на царинските правила бил ре-експортиран во Македонија по двојно помала цена, па продаван по двојно повисока.

На сето ова, шверцерите добивале и државни субвенции.

Инаку тутунот од сортата „Вирџинија“ е забранет за производство во Македонија и во предходните години имаше организирано повеќе акции за откривање и запленување на тутун од оваа сорта, која најчесто се одгледува во Могила и Новаци.

Додека СДСМ беше во опозиција, редовно реагираше со тврдења дека постои добро разработена шема за црн бизнис во кој биле инволвирани структури од тогашната власт, а тогаш, според опозициската СДСМ, истиот се одвивал повеќе од пет години. Александар Кирацовски од СДСМ тогаш тврдеше дека ова е бизнис на некои од партнерите од тогашната власт и дека бизнисот со тутун на црно е на релација Могила – Арачиново – Косово!

Според Кирацовски тогаш (20 септември 2014) 130 тони сиров тутун на црно носи приход од околу еден милион евра.

„Од 130 тони тутун, можат да се направат 6 милиони и 500 илјади кутии цигари. Профитот од овој бизнис на црно е околу 5 милиони и 200 илјади евра за една година! Кај кого завршуваат петте милиони и 200 илјади евра годишно?“ – тврдеше Кирацоски.

Производството на тутун во Македонија е регулирано и тутун можат да садат и одгледуваат само земјоделците кои имаат склучено договор за откуп со откупно претпријатие, за количина предвидена во договорот.

Отворено останува прашањето зошто надлежните институции – Државниот инспекторат за земјоделство и Министерството за внатрешни работи на информации во врска со кpимиaлнa трговија со тутун од Албанија, кој во Македонија се увезува деклариран како чај, а се препродава во откупните центри низ државава по двојно повисока цена, плус субвенци.

Дали можеби се пакува како полупроизвод и им се продава на компании што произведуваат цигари или можеби се обработува до финална фаза и конечниот производ се произведени цигари на црно, тука во Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This